Во текот на вчерашниот ден (24.11.2016) во близина на Нови Сад од страна на Српската полиција било сопрено возило управувано од лицето Бесим Османи познат како „Беци“ при што бил забележан како фрла пакување со околу 100 грама кокаин.
По консултации со Македонската крим полиција, бил извршен и претрес во домот на Османи во Гостиар при што не било пронајдено ништо, по што на предлог на гостиварската полиција било предложено да се претресе и викенд куќата на „Беци“ во Леуново, а по претходно добиена наредба од Основниот суд во Гостивар.
Како што дознаваме, во викендицата биле пронајдени две кеси со бела прашкаста материја, дигитална вага, една бела најлоснка вреќа со марихуана, пет црни големи патни торби со околу 100 најлонски пакувања со марихуана, четири бели буриња во различна големина полни со непакувана марихуана, едно големо буре со 16 пакувања марихуана, апарат за лепење на најлонски пакувања, зипер ќеси и најлони, три помали буриња со остатоци од марихуана и една празна црна патна торба со остатоци од дрога.
Она што е интересно во овој случај, е тоа што во периодот од 2013-2014 година лицето било приведувано за недозволено поседување на муниција. Тогаш обвинетиот Беци бил застапуван од извесен адвокат од Градец, за кој неофицијално дознаваме дека имал добра комуникација со раководството на СДСМ.
Според неофицијалните информации кои ги добивме, контактот на адвокатот кој го застапувал Беци бил со Миле Зечевиќ од СДСМ (екс-директор на УБК) и Радмила Шеќеринска, а според шпекулациите во судските ходници, Шеќеринска и Зечевиќ издејствувале намалување на казната и укинување со домашен притвор.
Како благодарност, Османи бил активно вклучен во кампањата на СДСМ, активно агитирал, а бил присутен и на централниот митинг во Прилеп.
Од извори на СДСМ дознаваме и дека токму Османи бил поврзан со групата која пред 2-3 месеци беше фатена со голема количина на дрога во струшко, во која беа уапсени неколкумина Албанци и Македонци, на кои Беци им гарантирал слобода само да се стрпат малку додека завршат изборите.
Извор: Инфомакс