Во неколку дена нападнале и ограбиле повеќемина прилепчани: Петмина малолетници од Прилеп завршија во полициска станица

Денеска (05.01.2024), по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп на информативен разговор во Полициска станица Прилеп повикале пет малолетници од Прилеп.

Тие се сомничат дека на 24.12.2023 околу 01.00 часот во централното градско подрачје во Прилеп физички го нападнале Д.Д.(46) од Прилеп и му одзеле чанта со повеќе лични документи и предмети. Предметите се пронајдени и вратени на оштетениот.

Исто така, тие се сомничат дека на 28.12.2023 околу 21.00 часот во централното градско подрачје во Прилеп физички го нападнале К.С.(19) и малолетник, двајцата од Прилеп и дека истиот ден на ул.„Борка Талески“ физички го нападнале и М.Т.(58) од Прилеп.

По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.