По повод големиот христијански празник “Св. Архангел Михаил” на 20.11.2016 година (недела) во 13 часот ќе се изврши поставување на 10-метарски крст на ридот во с. Новоселани во општина Долнени.
На 800 метри надморска височина, од каде се гледа поголемиот дел од долненска општина и прилепско поле, ќе се постави крст висок 10 метри, 7 метри широк и тежок 2 тона.
Со овој свечен чин ќе чиноначалствува Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски, господин Петар.
Претходно на 30-ти септември беше поставен камен темелник, а местото каде крстот ќе биде поставен беше копано на 28-ми август, за големиот христијански празник Голема Богородица.
Идејата и финансиите за ова монументално свето дело се на Владо Глигороски, наш сограѓанин, родум од Новоселани, а живее во Прилеп.
Семејството Глигороски ве поканува и повикува на што поголема масовност на овој за нив среќен ден.
Секој добронамерник е добредојден!