Во недела на 26.03.2017 во спортската сала во ООУ “Добре Јованоски” – Прилеп ќе се одржи државно првенство во Бразилска Џиу Џица – дисциплина НО ГИ.
Домаќин на ова првенство е клубот за Бразилска Џиу Џица – РУТС БЏЏ Прилеп, а организатор е Македонската Федерација за Бразилска Џиу Џица. Борбите ќе бидат без кимоно- но ги, а Прилеп за прв пат е домаќин на државно првенство во БЏЏ. Целта е ново искуство за борците, кое и тоа како ќе им биде од корист на следните државни и меѓународни турнири.
Ќе се борат повеќе од 80 натпреварувачи од повеќе градови од Р.Македонија: Прилеп, Скопје, Куманово, Охрид и Велес. Присутните ќе можат да видат доста интересни борби во машка, женска и детска конкуренција, во почетничка и напредна категорија. Влезот е слободен, што е одлична шанса за сите кои имаат желба да се запознаат со овој спорт.