Детската Евровизија ќе се одржи во Гливице, Полска, во недела на 24-ти ноември. Прилепчанката Мила Москов ќе настапи со композицијата ,,Fire” (Оган).
На првата проба таа помина одлично, облечена во дводелен црн комплет со портокалова наметка, а на сцената имаше ефект од пламен кој гори зад неа. Песната е во самиот врв според позитивните коментари и на листите за обложување.
Како да ја поддржиме Мила?
„По пат на онлајн гласање сите заедно одлучуваме кој ќе биде победникот на годинешниот „Јуниорски Евросонг“. Поддржете ја и нашата учесничка Мила Москов со тоа што ќе гласате и за неа. Гласањето започнува во петок на 22. ноември преку сајтот junioreurovision.tv, велат од МТВ од каде што објавија видео за начинот на гласање:
Извонредните вокални способности на Мила вклопени во музичкиот аранжман на „Оган“ наидоа на позитивни критики на музичкиот канал Јутјуб. ,,Fire” е компонирана од Лазар Цветкоски, додека пак текстот е на неговата сестра Магдалена Цветкоска, а видеоспотот е дело на Даниел Јовески.Мила има 14 години, ученичка е во основното училиште „Кочо Рацин“ од Прилеп.