Во недела сите во сала: Пред прилепчани е последната пречка за пласман во пивисок ранг

Екипата на Мега баскет од Прилеп ја делат две победи од пласман во повисок ранг на натпреварување. По одличната сезона и освоеното прво место во третата Б лига, прилепската екипа два пати убедливо го совлада Младинец во четвртфиналниот натпревар од плеј-оф разигрувањето.

Сега на патот им стои последната препрека, а тоа е КК Маџари ГБ, екипа која исто така забележа две победи во четвртфиналето.

-Се очекува неизвесна борба, во која нијанси можат да одлучат. Затоа, ќе ни треба вашата поддршка на првиот натпревар на домашен терен, оваа Недела (07.05.2023) во 17:00 часот, во салата на ООУ “Добре Јованоски”, заедно да оствариме почетна предност, пред гостувањето во Скопје за вториот натпревар. Се игра на два добиени натпревари, па затоа ова можеби е најважниот натпревар во сезоната. Затоа, Недела во 5, сите во сала – стои во соопштението од КК МЕГА БАСКЕТ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.