Преспански договор беше потпишан од министрите за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, и Македонија, Никола Димитров, и посредникот на ООН за спорот за името Македонија, Метју Нимиц, на 17 јуни 2018 година во селото Нивици, на крајбрежјето на Преспанското Езеро.
Помалку од една година подоцна Владата на Македонија ифнормираше дека од 12 февруари 2019 година, влегува во сила Преспанскиот договор, со кој го менува своето името на држава од Република Македонија во Република Северна Македонија.
На потпишувањето на договорот присуствуваше и тогашниот македонски премиер Зоран Заев, но и грчкиот премиер Алексис Ципрас. Според Заев договорот од Преспа, како и Договорот за добрососедство со Бугарија требаше да ги отвори вратите на Европската Унија за Македонија, но по се изгледа дека ни се случува спротивното.
На првите избори по потшишувањето на договорот во Грција, Ципрас и неговата Сириза ги загубија изборите, а на власт дојде Кирјакос Мицотакис кој беше жесток противник и критичар на Договорот како опозиционер.
Целата статија прочитајте ја на ИНФОМАКС.