Во полн ек е 17 -та меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2025„ што се одржува во манастирот св. Ѓорѓија, која ќе трае до 5 септември. Во преубавата природа, во пријатна атмосфера творат уметници од земјава, Хрватска, Србија и Црна Гора. Уметниците работат на слободна тема. Велат дека природата е преубава, дека се дружат и ќе создадат вредни дела.
На колонијата творат Јуре Кокеза, Звјездана Јембрих, Злата Томљеновиќ, Звонко Павличиќ, Снежана Манасиќ, Стефан Анчевски, Васко Горѓиев, Дејан Макаријоски, Верче Николоска, Александар Џинго, Ферди Булут, Марјан Стојаноски, Златко Крстески, Емил Димоски, Слободан Милошевски и Бојана Тошевска.
– По втор пат сум во Прилеп. Пред 26 години бев учесник на старата прилепска колонија. И бидејќи имав одлични впечатоци дојдов повторно тука. Преубава е средината во која твориме, одлични се условите за работа – вели Звјездана Јерембих од Загреб, Хрватска.
– Воодушевена сум од пределот. Ќе го насликам она што го видов. Задоволна сум од гостопримството, кое е на високо ниво – вели Злата Томљеновиќ од Ријека, Хрватска.
– Одлична организација, убава природа. По втор пат сум учесник на колонијата – вели Снежана Манасиќ од Србија.
Дел од македонските уметници, учесници на колонијата, велат дека се задоволни од организацијата, од дружењето и што имаат можност да разменуваат искуства. Но потенцираат дека поддршката за колониите треба да биде поголема.
– Очекуваме уметниците да создадат нови уметнички дела што ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот. Создадените дела на годинашната колонија ќе бидат презентирани на изложба во Центарот во ноември. Благодарност до Министерството за култура и туризам за поддршката за организирање на колонијата – вели координаторот на проектот Марјан Стојаноски, од ликовната дејност на Центарот.