Во манастирот Св. Архангел Михаил во Варош одбележан „Голем Петок“

IMG_9721

По повод христијанскиот празник „Голем Петок“  градоначалникот  Марјан Ристески ја посети најстарата  населба Варош каде  традиционално  секоја година  во манастирот  „Св. Архангел Михаил “,  се слави овој празник, односно првиот петок по Воскресението Христово – Велигден.

IMG_9698

IMG_9676

IMG_9688

IMG_9692

Изразувајќи ги своите желби за добро здравје  благосостојба и напредок, градоначалникот Ристески посочи дека овој манастир има културно – историска димензија,  а со  изградбата на новиот источен конак тој  добива уште  поавтентичен изглед  ,што e  вистински предизвик за  туристи, љубители на манастирскиот туризам.

IMG_9709

IMG_9702

IMG_9704

Инаку, ова  е ден на чествување на Богородица Балаклија – Источен петок. Според црковната и  народната традиција на овој ден се отвораат „Богородичните води“, кои имаат исклучително голема лековита моќ. Таков свет извор се наоѓа и во  манастирот  Св. Архангел  Михаил во Варош , кој што е вграден како орловско гнездо во југозападниот дел од Марковите Кули.

IMG_9754

IMG_9720

IMG_9743

IMG_9751




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.