Времето во Македонија ќе биде сончево со умерен, локално повремено и засилен североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до шест, а дневната од 14 до 24 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.
До утре времето ќе биде стабилно, со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштат и под нулата. Преку денот ќе биде претежно сончево со пораст на дневните температури. Од сабота облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе има повремен локален дожд.