,,Траги на времето“ е изложбата на дела од прилепчанката Верче Николоска што беше отворена синоќа во Ликовниот салон од ЦК ,,Марко Цепенков“. ( 24 април 2025 ).
Уметницата Верче Николоска која повеќе од 25 години слика и работи во повеќе техники – цртеж, графика, колажи, се претстави со 22 дела работени во акрил на платно. Изложени се и пет дела од малата внука Теона, која пројавува интерес за уметноста.
Според м-р Каролина Мицевска, Николоска живее за уемтноста, создавајќи творештво кое остава траги не смао во времето, туку и во историјата на ликовната уметност во Прилеп.
Историчарот на уметност Елизабета Д. Иваноска, посочи дека Верче Николоска не е само вљубеник во уметноста, туку и нејзин творец.
– ..Стилот на Николоска е изграден до мајсторство, зашто талентот кој го поседува со голема љубов го надоградува стремејќи се до совршеноство да го совлада сликарскиот занает… Траги на времето еднаш преживеани одново се пред нас визуелно да ги доживееме според сеќавање, па да се прошетаме по спомените со очите, да ги видиме, а во душата да ги почувствуваме.Чекорењето низ животот е пат полн со возбуди, со искаќувања, со падови, но кога се вака обоени од една временска дистанца секогаш се убави, едни ќе ни измамат насмевка, други бозбуда, трети можеби ќе намамат и некоја солза… Делата се сублимати на животни искуства, а од нив најдобро се учи“ – истакна на отворањето на изложбата Елизабета Д. Иваноска.
Верче Николоска, член на ДЛУП, досега реализирала шест самостојни изложби, била дел од групни и учествувала на повеќе ликовни колонии.