Јавното обвинителство на Косово соопшти дека биле уапсени седуммина осомничени за врски со екстремистичката организација Исламска држава и за планирање напади на Балканот.
Антитеростичката полиција, како што беше соопштено извршила акција во три градови на Косово.
Лицата имале контакти во соседните земји како Македонија и Албанија, а според јавното обвинителство, дел од нив се уште биле на слобода.
-Тие подготвувале терористички напади на територијата на Балканот, но најпрвин на Косово, наведува косовското обвинителство.