Во конкуренција од 144 производители, прилепчанец ги победи кавадарчани и неготинчани и освои прва награда за најдобра paкиja (Фото)

Во конкуренција од 144 мостри од вина и ракии, прилепчанецот Гоце Станоески освои прво место за најдобра ракија и ги победи и кавадарчани и неготинчани, во рамки на манифестацијата “НЕДЕЛА НА ВИНОТО 2022” – Натпревар во најдобро вино и ракии, кој го организираше општина Неготино.

Наградата за најдобра ракија ја освои прилепчанецот Гоце Станоески, сопственик на семејната винарија „Сарика“ во Прилеп.

Наградата му ја врачи градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов. На натпреварот беа доделени награди и за најдобри црвени, бели и розе вина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.