Започна изградбата на фонтаната во спомен на Сашко Гешовски, на кружниот тек кој го доби неговото име – информира градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.
-Идејното решение се состои од централна кружна фонтана со висок млаз вода и две полукружни фонтани кои се изработени од темен материјал кој ја обиколуваат централната фонтана, материјалите се модерни, лесни за одржување и долготрајни. Изведувач на проектот е ОЈА ДООЕЛ, а финансиската конструкција е во висина од 2.700.000,00 денари – пишува во објавата Јанчев.
Сашо Гешовски (Кавадарци, 31 октомври 1971 – Сплит, Хрватска, 6 мај 1991) е првата жртва од Македонија во воените конфликти кои избија во 1991 година во СФРЈ. Тој бил застрелан на 6 мај додека чувал стража во касарната во Сплит за време на демонстрациите на поддржувачите на независноста на Хрватска.