Во инфективно во Прилеп има 5 пациенти и 4 во изолација

На денешната прес конференција во општина Прилеп, директорот на прилепската болница истакна колку пациенти со коронавирус се наоѓаат во Инфективното одделение.

„Во Инфективното одделение на Општата болница во Прилеп хоспитализирани се 5 пациенти позитивни на коронавирус, од кои четворица се на средна возраст, а еден е повозрасен. Исто така имаме и четворица пациенти кои се сместени во простор на изолација и за кои се чекаат резултати од тестирањето. Во работата на ова одделение од сабота ќе се вклучат 5 специјализанти и 5 медицински сестри од другите одделенија, со цел да помогнат во работењето. Разгледувајќи ги локациите на другите одделенија кои можат да послужат, го преадаптиравме просторот за физикална терапија кој моментално не работи. Таму ќе се сместуваат пациенти кои се сомнителни за коронавирус, а кои биле ппретходно прегледани“, најави директорот на Општата болница „Борка Талески“, Драги Богојески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.