Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 15.04.2019 година извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас.
Притоа, контролирани се 433 возачи, од кои 13 возачи ја надминале дозволената брзина, шест возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле четири возила, четири возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото и еден возач не користел сигурносен појас.