Во последните 24 часа регистрирани се 177 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 1245 тестa, дознава Алсат-М.
Истовремено, 8 пациенти се излекувани, а починаа 2 пациентa позитивни на Ковид-19. Еден од Скопје и еден од Куманово.
Со ова вкупниот број позитивни случаи во земјава достигна 2.787, а на починати 149.
Распореден по градови бројот на новозаболени е следен:
Скопје – 105, Куманово – 26, Штип – 15, Тетово – 13, Гостивар – 8, Гевгелија – 2, Дебар – 1, Струга – 1, Велес -1
Битола – 1, Охрид – 1, Валандово – 1, Св. Николе – 1, Неготино – 1
Инаку, во земјава досега има активни 1009 случаи!