Во Завод и музеј – Прилеп вечерва отворање на изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“

Во Завод и музеј – Прилеп вечер од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“ во организација на Завод и музеј – Прилеп и Центарот за истражување на предисторијата.

Изложбата е резултат на десетгодишната соработка меѓу овие две институции во проучување на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во Пелагонија.

-На изложбата ќе бидат претставени најновите резултати од мултидисциплинарните истражувања меѓу повеќе македонски и европски институции кои дадоа сосема ново видување на овој мошне значаен локалитет за македонската и светската археологија. Тие ќе бидат изложени заедно со прекрасните артефакти откриени од целокупното проучување на Врбјанска Чука, со што, покрај научните сознанија, ќе бидат истакнати уметничките, стопанските и техничките достигнуваања на едни од првите земјоделци во Македонија, соопштија организаторите.

Изложбата е финансиски поддржана од Министерство за култура и туризам во рамки на проектот „70 години НУ Завод и музеј – Прилеп“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.