Соединетите Американски Држави денес бираат претседател, а нивните опции се републиканецот и актуелниот претседател Доналд Tpaмп (74) и демократот, поранешниот потпретседател Џо Бајден (77).
Изборите, чиј исход со нетрпение го исчекува цела планета, бидејќи ќе го трасираат патот не само на Америка, туку и на цела планета во наредните четири години. Рекорден број на американски граѓани го искористија правото да гласаат по пошта, односно 40% од избирачкиот список.
Судејќи по снимките од социјалните мрежи, веќе се создадоа редови пред избирачките места и тоа од раните утрински часови.
Already a line around the block to vote at PS 87 in Manhattan shortly after polls open at 6a. pic.twitter.com/AsJMLaHZdh
— Zack Fink (@ZackFinkNews) November 3, 2020
Граѓаните на две мали места во Њу Хемпшир први излегоа на избирачките места. На едното избирачко место победи Џо Бајден со 5 гласови разлика, додека во другото избирачко место победил Tpaмп со 10 гласа.