Во еден ден дури четири пријави за каснување од кучиња скитници во Прилеп

Во полицискиот билтен на МВР денеска информираат за дури 4 каснувања на граѓани од кучиња скитници.

Дури три жени пријавиле каснување од куче скитник во населбата “Варош”, на ул. “Ладо Лапецот” и ул. “Мирче Најденов”, а каснат бил и 61-годишен жител во населбата “Точилa”.

-На 30.08.2023 во ОВР Прилеп, Ј.М.(61) од Прилеп пријавила дека во населба „Варош“ во Прилеп била касната од куче скитник.

-На 30.08.2023 во ОВР Прилеп, К.Г.(45) од Прилеп пријавила дека на ул.„Ладо Лапецот“ во Прилеп била касната од куче скитник..

На 30.08.2023 во ОВР Прилеп И.К.(30) пријавила дека на ул.„Мирче Најденов“ во Прилеп била касната од куче скитник.

На 30.08.2023 во ОВР Прилеп, К.Г.(61) од Прилеп пријавил дека во населба „Точила“ во Прилеп бил каснат од куче скитник.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.