Од грмотевици во јужната индиска држава Андхра Прадеш загинале 22 луѓе, а најмногу од нив биле работници на нивните, соопштија денес тамошните официјални служби.
Фаталните несреќи се случиле вчера вечер, за време на невреме кое го зафатило тој дел од земјата.
Два женски крикет тима успеале да се спасат и избегнат катастрофа кога грмотевица удрила во дрво на теренот во градот Гунтру, каде бил игран натпреварот. Официјалните служби изјавиле дека членовите на крикет тимот и гледачите биле спасени од чудо, пренесе АП.
Дрвото се запалило кога го погодила грмотевица, а одекна и застрашувачки звук поради кој сите во паника избегале од теренот.
Удари на грмотевици се чести за време на сезоната на монсуните во Индија, која трае од јуни до септември.