Во информацијата што ја пласираа западните медиуми се вели дека оваа кон крајот на ноември, на барање на Франција и Германија, Европската комисија се подготвува за воведување на Европски механизам за регистрирање на странски посетители – ЕТИАС. Барањето го темелат пред се на безбедносни причини, но важен е и финансискиот аспект според кој наплаќањето влез во Шенген зоната од 13 до 50 евра по лице ќе донесе од 500 милиони до две милијарди евра годишно.
По 6 години безвизен режим ЕУ се подготвува да воведе скандалозна мерка со голема финансиска давачка за влез во Шенген-зоната за сите граѓани на земјите ослободени од визи, меѓу кои и Македонија.
Во информацијата што ја пласираа западните медиуми се вели дека оваа кон крајот на ноември на барање на Франција и Германија, Европската комисија се подготвува за воведување на европски механизам за регистрирање на странски посетители – ЕТИАС. Барањето го темелат пред се на безбедносни причини, но важен е и финансискиот аспект според кој наплаќањето влез во Шенген-зоната од 13 до 50 евра по лице ќе донесе од 500 милиони до две милијарди евра годишно. Според пресметките, од 602 милиони милиони туристи во Унијата во 2015, 30-ина милиони дошле од земјите со безвизен режим
ЕТИАС се темели на американскиот систем ЕСТА, според кој влез во САД се наплаќа 14 долари по лице со важност од 2 години, канадскиот 7 долари за 5 години и австралискиот 20 долари годишно.
Веста веднаш се прошири низ Македонија и низ балканските земји кои имаат безвизен режим со Унијата.
Но, пред се ја возбуди британската јавност и Владата кои се подготвуваат за преговори за излез од Европската Унија. Британската министерка за внатрешни работи Амбер Рад во изјава за Би-би-си не ја исклучи можноста британските граѓани во иднина да плаќаат за влез во Унијата.
Високи македонски дипломатски извори за Сител велат дека токму претстојните преговори за излез на Британија од Унијата се причина за протнување во јавноста на вакви информации, односно градење подобри преговарачки позиции на официјален Брисел.
Истиот извор наведува дека безбедноста како причина за мерката е ноторна глупост бидејќи речиси сите терористички напади во Унијата беа извршени од државјани на земјите од Шенген-зоната. Евентуалната мерка би била крајно штетна пред се за Унијата и истата ќе отвори прашања кои поодамна се сметаа за затворени, од аспект дека ЕУ преставува елемент на обединување, слобода на движење и почитување на основните човекови права. Мерка која би вовела плаќање за влез без логично објаснување е удар врз сите овие вредности, вели дипломатскиот извор за Сител.
Интересно е како Македонија и другите земји од Балканот би реагирале на системот за плаќање за влез во Унијата, кога токму тие ја спасија Европа од мигрантскиот бран.
Инаку системот ЕТИАС прв пат беше спомнат пролетта од страна на потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, а Европскиот совет ја потенцира важноста од негово воведување во јуни.