Во водите на вештачкото езеро беше пронајдено телото на исчезнатата прилепчанка

Утринава во водите на прилепското вештачко езеро беше пронајдено безживотното тело на 50-годишната прилепчанка по која имаше потрага 2 дена.

Според Дарко Неданоски, спелеолог и раководител на спасувачката служба „Златоврв“, биле подготвени со чамци и евентуално нуркање во езерото за да ја побараат како една од алтернативите да се дознае што се случило со прилепчанката, пренесува ТВ21.

-Бевме подготвени да го пребараме езерото, но го забележавме телото како плута. Се очекуваат екипи од крим техника од полицијата и од јавното обвинителство да го испитаат случајот, изјави Неданоски.

50-годишната Весна го напуштила домот во 24 часот на 16-ти декември и не се вратила. Изминатите два дена голем број на доброволци го пребаруваа теренот, а денес требало да се пребарува езерото.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.