Агентот за недвижнини од Адапазари во турската провинција Сакариа, Ерчан Тунца на својот автомобил Волфцваген буба, кој го купил за 8.000 лири (2.395 евра), потрошил уште 112.000 лири (33.541 евра).
Автомобилот е произведен во 1974 година, а Ерчан на него променил се, од прозорите до седиштата, од воланот до моторот.
Тој во својата буба вградил мултимедијален систем, а вметнал и простор за играње табла. Вградил и мала кујна во која има место за кафе и чај. Овој вљубеник во автомобилите вели дека својата буба сака да ја вози уште долго време.
Исто така во автомобилот има и три телевизори, а инсталирани се и електрични прозорци. Седиштата се обложени со кожа која е порачана од странство и рачно шиена.
А.Г.