Во Битола ќе се градат 3 нови спортски сали

Локалната самоуправа во Битола, продолжува со активностите за подобрување на спортската инфраструктура во општината. За проектите кои беа најавени кон крајот на минатата година, веќе се финализира документацијата, а оваа недела се очекува да започнат и работните активности на терен за реконструкција на салата во Бистрица.

Со новото проектно решение треба да се изврши реконструкција на кровната конструкција, која моментално е целосно рушена, да се уреди внатрешниот простор, согласно проектното решение, каде главна намена е салата во функција на училиштето, како двовисински простор.

Просторната организација на објектот ќе биде организирана во две доминантни целини: приземје (280 м²) и галерија (100 м²). Приземјето ќе содржи мултифункционален простор за спортски активности и помошни простории.

Галеријата потребно е да е во комуникација со приземјето за да биде функционална со што би се користела и како гледалиште за културни манифестации. Вкупната вредност за реализација на овој проект изнесува 37.599.996 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.