На 27.01.2024 година во Битола, во организација на Џудо Федерацијата на Македонија и техничка поддршка од џудо клуб “Пелистер” Битола, се одржа стручен семинар за лиценцирање на џудо судии и џудо тренери.
Семинарот го предводеа Томе Јосифоски – Претседател на судиската комисија, Ѓорѓија Стојанов – Претседател на комисијата за лиценцирање и едукација на џудо тренери и Јован Велески член на комисијата за едукација.
Учество зедоа околу 60 стручни лица (тренери и судии) од сите клубови членки на ЏФСМ.
Џудо клубот “СЕИШИН” oд Прилеп активно партиципираше на овој семинар со своите стручни кадри, кои се здобија со сертификати и лиценци за работа за натпреварувачката 2024 година.