Утринава во Македонија се измерени минусни температури, при што најстудено беше во Берово со -6 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидронетеоролошки работи.
Температура од -3 степени е регистрирана во Битола, -2 во Скопје (Петровец), Крива Паланка, Демир Капија и Струмица, -1 во Тетово, Претор, Прилеп, Штип, Велес и Гевгелија, додека 0 степени се измерени во Охрид, Кавадарци, Маврови Анови и Попова Шапка.
Највисока утринска температура од 2 степена е измерена во Виница и Крушево, а 1 степен во Скопје (Зајчев Рид).
Снежна покривка има само на Попова Шапка, каде се измерени 77 сантиметри снег.
Според прогнозата на УХМР, во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб променлив ветер. Максималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 17 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и претежно тивко, а максималната температура ќе достигне до 16 степени.

























