Во Битола започнува изградбата на улицата кај новиот маркет “ЛИДЛ” и трговскиот комплекс “БЛИС”

Општина Битола, согласно склучениот договор со економскиот оператор, од денес започна со подготвителни активности на терен за изградба на улицата кај новиот маркет „Лидл“ и трговскиот комплекс „Блис“.

Градежните работи ќе се изведуваат согласно потребите за Основниот проект – Изградба на улица крак „Илинденска“ – 1 од ДУП за Ушици блок 5 и реконструкција на постојна крстосница „Дулие“, а додека траат работите на терен ќе биде воведена времена измена на режимот на сообраќај, согласно одобрениот сообраќаен проект.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.