Во Битола вечерва прва самостојна изложба на младиот уметник Константин Солак

Вечерва, со почеток во 20:30 часот, во рамките на Програмата на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, ќе биде отворена првата самостојна изложба на младиот уметник Константин Солак.

Изложбата, под наслов „Декларација на вредност“, опфаќа повеќе дела – слики, цртежи и фотографии – преку кои авторот пренесува свој автентичен израз.

Константин Солак, 19-годишен битолчанец, е првенец на генерацијата во Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ во Скопје. И покрај младите години, веќе се истакнува со активноста и креативноста на повеќе уметнички полиња. Има учествувано на бројни конкурси и е добитник на награди за авторски фотографии, слики и кратки филмови.

Работел на повеќе проекти во соработка со здруженија и амбасади, меѓу кои и оние поддржани од амбасадите на Италија и Холандија.

Изложбата ќе биде поставена во Културниот центар „Магаза“ и ќе биде отворена за посетители до 15 август, секој ден од 18:00 до 21:00 часот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.