Во Албанија пензионерите почнаа да добиваат новогодишен бонус од 100 до 150 евра

Во Албанија од денеска, почна исплатата на новогодишниот бонус за албанските пензионери објави на Фејсбук министерката за економија и иновации, Делина Ибрахимај.

„Од денеска почна исплатата на новогдишниот бонус во износ од 100 односно 150 евра. Овој бонус е заслужена поддршка за над 760 илјади корисници. Од нив 541 илјада пензионери, кои примаат до 200 евра месечно, ќе имаат корист од бонус од по 150 евра, додека 221 илјада пензионери кои примаат над 200 евра ќе добијат бонус од 100 евра“, напиша Ибрахимај.

За таа намена владата издвоила средства во износ од 97 милиони евра.

Новогодишен бонус, со идентичен износ лани пензионерите исто така добија во Албанија, а во пролетта им беше исплатен бонус во износ од 50 односно 100 евра.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.