Во текот на изминатата вечер (29/30.06.2023)во периодот од 23.00-04.00 часот на територија на Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
При контролата санкционирани се 11 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 15 други видови прекршоци.
Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила – информираат од СВР Битола.