Војната ги променува луѓето а тоа најдобро го покажуваат фотографиите на фотографката Лаланџ Сноу.
Сноу одлучила да направи серија на фотографии од британски војници пред, за време и после нивниот 7 месечен престој и воени активности во Авганистан.
Целта на фотографката била да покаже како лицата на овие луѓе почнуваат да се менуваат и како нивните изрази на лицето се трансформираат.
Она што се забележува преку физичките промени на лицата на овие војници е дирекно поврзано и со нивната психичка состојба. Да се биде војник во британската војска и да се учествува во воени активности во Авганистан потребно е не само да се биде храбар, туку и суров.
Целта на Сноу е исто така да покаже низ какви физички и психички промени поминуваат војниците во британската армија.