Европската фудбалска федерација (УЕФА) прекинувала меѓународни натпревари кои се играле во Македонија се додека не се отстранат транспарентите, но тоа не е случај во Солун
Првиот 1/16 финален натпревар од најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа, помеѓу екипите на ПАОК и Шалке е во центарот на фудбалското внимание поради навивачите на грчкиот тим кои на централната трибина извадија транспарент „Македонија е една и единствена, и таа е овде”.
Ваквиот потег може да се дефинира само како очигледна политичка провокација.