ВОЈНАТА ВО ТУРЦИЈА СЕ РАЗГОРУВА: Преку 100 убиени турски војници, Турција крева 10.000 војска и воени авиони!

22222

Турско-Курдската војна иако засега ограничена, започна во југоисточните вилаети на Туција. Борбите се водат во три провинции – Ширнак, Дијарбакир и Мардин.

Анкара објаве дека води “широка антитерористичка операција против војниците на забранетата Работничка партија на Курдистан”. Во самата операција се вклучени 10.000 војници и полицајци.

Турските власи воведоа и полициски час во делот на Дијарбакир и во градовите Џизра, Силопи (провинција Ширнак) и Нусајбин (провинција Мардин). Во сите овие градови се водат улични борби.

Населението ги напушта градовите, а турската армија изведува “операција за чистење”, пропагандистички тврдејќи дека се е вперено само против “терористите”. Во сите градови Курдите кренале барикади и ги минирале за да го оневозможат преминот на турските тенкови и другата воена техника.

На улиците на споменатите градови се пука, а Турција вклучила и воени авиони во операцијата.

Ситуацијата во Турција се заострува по терористичкиот акт во градот Суруч во организацијана ИСИС. Тогаш загина 33 Курди.

Во одмада, Курдите убија повеќе од 180 турски војници, полицајци но и цивили.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.