Претседателот Стево Пендаровски на прес-конференцијата по седмата седница на Советот за безбедност истакна дека вонредната состојба ќе се продолжи во следните 14 дена.
-Одлуката за новите 14 денови е продолжена исклучиво со намера да и се дозволи на Владата подобро да се бори со здравствените и социоекономски предизвици и тоа нема никаква врска со датумот за одржување на изборите, рече Пендаровски.
Тој им се заблагодари на граѓаните бидејќи ги почитуваат препораките во изминатите три месеци, но, посочи дека не смееме да се опуштиме.
-Ние оваа битка сигурно ќе ја добиеме, но мораме да останеме совесни и одговорни до самиот крај, рече Пендаровски.