ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Следи вистински температурен шок!

Температурите значително опаднаа и ова утро најсвежо беше во Лазарополе и во Струшко, во Лазарополе се измерени 9°C додека во Струга 11°C, во најголем дел од државава температурите на воздухот се спуштија до околу 15°C додека најтопло беше секако на југоистокот каде температурите се спуштија до околу 20°C, стои во временската на најпознатиот македонски предвидувач на времето Славчо Поповски.

Под влијание на изразено југозападно и западно воздушно струење за време на викендот и тоа особено во недела ќе предизвика нагло и значително покачување на температурите на воздухот па така максимумот на температурите на воздухот највисоки ќе бидат во недела кога ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

Поради релативно високата влажност во воздухот но и очекуваниот транспорт на прашина и на песок од Сахара температурите на воздухот ќе се чувствуваат повисоки опд реално измерените а и времето ќе се осеќа доста мачно и спарно што многу лошо ќе влијае врз граѓаните особено врз метеопатите.

Пад на температурите на воздухот и дастабилизација на времето (враќање на ФЛОРИЈАН) ќе има веќе од самиот почеток на следната недела но за ова детална и по потреба обновена анализа следува наскоро.

Да напоменеме дека денес (четврток) локално ќе има повеќе облачност и услови за слаб локален дожд и услови за ретки грмежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.