ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Обилни врнежи, засилен ветер снег и заладување

3ee14f67c0f5b81d74859aaca21f6c7d

Утре ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег, кои поради спуштање на многу студена воздушна маса од север ќе бидат проследени со засилен северен ветер. Ова ќе предизвика значителен пад на температурата на воздухот и во попладневните и вечерните часови врнежите и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег. Ќе се формира снежна покривка, особено на планините, а во западните и крајните источни делови помала снежна покривка може да се формира во местата од околу 600м.н.в. 

 

Во вторник времето ќе биде многу студено и ветровито со врнежи од снег со послаб интензитет и во пониските делови на земјава. Утринската температура ќе се движи од -4 до 2, а дневната од -2 до 3 степени. Потоа следува стабилно време со постепен пораст на температурата, но во среда и четврток изутрина ќе биде многу студено со температури од -9 до -3 степени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.