Во текот на денешниот ден времето во државава ќе биде сончево и многу топло со умерена локална облачност , а има услови и за слаб локален дожд.
Во текот на попладневните часови и рано навечер ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за ретка појава на град.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.
Нестабилното но многу топло време со многу високи температури на воздухот ќе продолжи и во следните денови.