Во текот на денешниот ден времето во државава бeше сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер претежно од северен правец.
Во попладневните часови особено во планинските предели како и на оние населени места кој се во близина на планините и тоа особено на запад имаше услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално не се исклучува можноста и за нешто поинтензивни атмосферски процеси проследени со електрични празнења и услови за појава на град.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.
Услови за локално НЕВРЕМЕ ќе има за време на викендот кој доаѓа, како и на почетокот од следната недела.