ВОНРЕДНА ВЕСТ: Ковачевски најавува победа со над 61 пратеници на парлементарните избори

СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе ја однесе државата во ЕУ, но и ќе ја донесе Европа тука во Македонија, порача денеска претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и носител на Изборната едница 1 на настанот „Нема откажување од иднинатата“, со кој што СДСМ ја стартуваше кампањата за парламентарните избори.

„Убеден сум дека за 20 дена од денеска заедно ќе ставиме печат на голема победа и успех за европска Македонија“, рече Ковачевски.

Во интервју за МИА, претходно, претседателот на СДСМ вели дека коалицијата „За европска иднина“ ќе освои над 61 пратеничко место и ќе ја формира идната „проевропска влада“. Тој очекува победа на изборите и на нивниот претседателски кандидат Стево Пендаровски.

„Над 61 пратеник ќе има коалицијата „За европска иднина“ и коалиционите партнери и ќе формираме проевропска влада со која што Македонија ќе има многу јасен правец во однос на тоа каде ќе се движи и како ќе обезбедиме подобар европски животен стандард за граѓаните“ , рече за МИА Ковачевски.

„Свесни сме и дека направивме голем број грешки и преземам одговорност за тоа. Знаеме дека граѓаните се разочарани од растот на цените, од корупцијата, самоволието, неработењето и злоупотребите на дел од политичарите. Да, граѓаните се во право и ги прифаќам нивните критики за направените грешки. Само оној што е самокритичен и свесен за своите грешки има моќ да ги исправи. Затоа креиравме издржан и остварлив план што е преточен во нашата програма за наредните четири години“, наведе Ковачевскина стартот на кампањата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.