Вонреден повик на глобалното движење „100 Илјади поети за промена“ на тема #поплава

poplavaPosterГлобалното движење „100 Илјади поети за промена“ Македонија ги повикува сите поети да споделат своја поезија на тема „#ПОПЛАВА“.

Социјално ангажираната поезија како современа алатка е од исклучителна важност за подигањето на свеста кај граѓаните за сите (не)природни несреќи кои ни се случуваат. Да споделуваме стихови со кои ќе си помогнеме меѓусебно, со кои ќе се потсетиме на тоа колку е животот важен и непредвидлив. Невремето кое го зафати главниот град и кое одзеде огромен број на животи е причината поради која го отвораме овој вонреден повик до сите вас. И словото и online активизмот можат да спасат нечиј живот, да покажеме дека тоа е навистина така!

Оваа иницијатива е поттикната од здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, во соработка со Scuola di poesia – Школа за поезија – Делегација Македонија.

Целата поезија која ќе пристигне ќе биде објавена во е-стихозбирка насловена #ПОПЛАВА која ќе послужи како сеќавање и/ или лузна на едно време.

Повикот е отворен до 20 август, со оглед на тоа што наскоро започнува официјалниот конкурс за учество на шестиот по ред фестивал „100 Илјади поети за промена“ кој ќе се реализира на 24 септември 2016 година во Струмица.

Стиховите може да ги испраќате на нашата facebook страница или на [email protected]

 Проверете ја официјалната страна на 100 Илјади поети за промена13937002a.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.