Волчешка Месечина носи среќа: Ноќта на 23 јануари почнуваат промени

1

Во ноќта помеѓу 23 и 24 јануари не очекува „Волчешка Месечина“, што е одлична вест  бидејќи се очекува дека конечно ќе ни донесе позитивни вибрации. Почетокот на  2016 година беше поприлично турбулентен, но од 24 јануари ќе може да се надеваме само на позитивни промени.

Оваа полна, односно „волчешка“ Месечина ќе биде пресврте разјасни кој следен потег треба да го повлечете.

Уште една занимливост е дека годинешната „волчешка Месечина“ е биде во знак на Лав, а тој е роден водач на глутницата.

Лавот сака забави и не сака конвенционалности што пак навестува дека наредниот период на сите ќе ни биде повесел. Можеби повторно ќе стапите во контакт со некој кој сте заборавиле или пак едноставно ќе посакате да ги заборавите грижите и да се забавувате. Тоа  е на крајот на краиштата она што Лавот најдобро го прави.

Од друга страна, волкот можеби делува  страшно, но во спиритуализам тој означува силна интуиција  и способност на себе познавање. Во следниот период ви претстои еден вид на „себе откривање“. Кон крајот на јануари и почеток на февруари вистинската слика за вашите квалитети ќе излезе на виделина. Ако имате некои планови поврзани за почеток на нова работа или било што ново ова е идеален момент да започнете со тоа.

Оваа полна Месечина ќе биде посебна и затоа што е стои спроти Водолијата, знак кој ужива во друштво. Како и волкот и Водолиите ја сакаат својата глутница, па немојте да се изненадите ако таа сабота (23 јануари) добиете позив за дружење со луѓе кои долго не сте ги виделе. Во секој случај токму таа ноќ е најдобра за забава во овој месец, а некои од вас можеби ќе посакаат да ја истражат и нивната дива страна.

Денот по полната Месечина, 25 јануари, Меркур ќе прекине да биде ретрограден, а тоа значи дека голем број на работи кои безуспешно се обидувавте да ги испланирате и остварите конечно ќе дојдат на свое место и ќе се реализираат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.