Волкановски пред мечот со Родригез в недела: Цел живот сум аутсајдер, но одбивам да загубам! (Видео)

Александар „Велики“ Волкановски, ултимејтфајтер од Австралија со македонско потекло по татко му, пред борбата со Мексиканецот Јаир Родригез за обединување на титулата во перолесна категорија в недела во раните утрински часови во Лас Вегас ги сподели своите видувања за серијалот „Роден храбар“ (Born brave) на Crypto.com.

„Сакам да му покажам на светот дека сè е можно, независно од тоа колку си мал или голем“, вели популарниот Волк, чиј татко е од битолското село Беранци.

„Сум бил аутсајдер целиот мој живот… сè се сведува на таа храброст, одлучност, никогаш не се откажувај од ставот… Не можам да си дозволам да загубам, одбивам да загубам“, додава 34-годишникот роден во Волонгонг, кој ќе ја брани титулата против привремениот шампион Родригез, решен да покаже дека незаслужено беше поразен од Ислам Махачев во последната борба.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.