Волино држава: Селото каде во секој агол се вее шеснаесеткракото сонце (ФОТО)

На социјалните мрежи се појавуваат нови фотографии од Волино селото во Општина Дебарца, кое пред извесно време стана актуелно после инцидентот на фудбалски натпревар.

Според информациите тогаш на Алфа ТВ, жители на селото Волино од општина Дебрца, биле однесени во полициска станица во Охрид затоа што скандирале против „преспанското“ име на земјата, а воедно и го истканувале знамето со сонцето од Кутлеш.

МВР имаше свое известување за настанот, односно дека причината за пpиведyвањето на жителите бил инцидент поради несогласување со судиска одлука на натпреварот.

Сепак, она што може да се види е дека шеснаесеткракото сонце од Кутлеш тука го има на секој чош, а тоа го покажуваат и овие фотографии кои денеска се шират на социјалните мрежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.