Контролна камера од патролен автомобил на Норт Солт Лејк забележила удар меѓу патнички воз и камион.
„Видеото е шокантно“, изјави истражителот на Јута Дејв Герес, „Вакво нешто не се случило во Јута. Благодарни сме што никој не е повреден во несреќата.“
На снимката се гледа дека рампата е крената во моментот на ударот, но Герес вели дека од техничка страна, рампата работи уредно. Кажа дека иначе рампата се активира кога ќе помине воз, со помош на сензори. Но сега сензорите се блокирани поради временските услови.