Возниот парк на Македонски Железници ќе се збогати со уште три електрични локомотиви

Објавен е тендер за набавка на три електрични локомотиви за обнова на возниот парк на МЖ Транспорт ад Скопје, инвестиција од седум милиони евра, информира денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

lokomotiva-640x294

Тендерската постапка трае до 2 јуни годинава, а Мисајловски очекува годинава да биде склучен договорот, а до јуни следната година локомотивите да бидат испорачани во Македонија.

Според Мисајловски, политиките на Министерството за транспорт резултираат со развој на железницата.

-Претходно набавивме шет нови патнички возови, исто така вработените во Железницата во континуитет земаат редовна плата, обезбедивме работа и за велешка Колска, што значи дека со политиките што Министерството за транспорт и врски ги презема во делот на железницата постигнуваме добри резултати за развој на железничкиот сектор во Република Македонија, изјави Мисајловски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.