(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) НЕ ЗНАЕШЕ ШТО ГО СНАЈДЕ: Мајката на која и го киндапираше детето била полицајка – цел Бразил го слави нејзиното дело !

Во саботата во центарот на Сао Паоло, Бразил, имаше обид за киндапирање на дете, но напаѓачот не знаеше дека мајката на детето е припадник во полициските редови на Бразил.

Напаѓачот Еливентон Нивес Мориера (21) наиде на полицајката Силва Састра (42).

Кога Еливентон го насочи оружјето кон децата и мајкта, таа од ташната го извади службениот пиштол и стрелаше три пати во киндаперот. Повредениот напаѓач падна на улицата, испука два куршуми и конечно се предаде.

“Напаѓачот пукаше еднаш, но беше непрецизен. Кога се обиде да пука по втор пат, пиштолот заглави. Фала му на Бога што таа беше брза, бидејќи кога напаѓачот сфати дека пред него има полицаец, тој пукаше за да убие”, изјави Андре Алвес, сопругот на Силва, исто така полицаец.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.