Жена со тешки повpeди била пренесена во прилепската болница откако претходно возачот во автомобилот во кој се превезувала изгубил контрола и возилото излетало од патот.
„На 17.05.2020 во 18.40 часот на регионален пат Извор – Прилеп, делница Прилепско Езеро-Прилеп, патничко возило „фолксваген туран“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(56) од Прилеп изгубило контрола и излетало од патот.
По незгодата, сопатничката М.Ј.Д.(50) од Прилеп била пренесена во Општата болница Прилеп каде од доктор и биле констатирани тешки телecни повpeди“ соопшуваат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.