Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150м. има на патниот правец Велес – Штип, до 100м. на патниот правец Тетово – Скопје, од 20 – 30м. на патниот правец Дебар – Струга, до 50м. на патниот правец Куманово – Св. Николе, до 50м. на планинскиот превој Ѓавато и до 100м. на планинскиот превој Плетвар.
Патниот правец Р2332 Охрид-Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2019 до 01.04.2020 е затворен за сообраќај за сите видови возила.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.