На 28.01.2026 во 01:30 часот на ул. „Цар Самоил“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Т.(43) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал А.Т., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта.
На 28.01.2026 во 01:00 часот на ул. „Александар Македонски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.К. (35) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал А.К. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,54 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.
























